Правдико

   

Се предлага зголемување на казните за неисплаќање на минималната плата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Според член 32 став 2 од Уставот на Република Македонија секој вработен има право на соодветна заработувачка. Во член 107 од Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија” бр.158/2010), утврдено е дека платата на работникот за работа со полно работно време не може да биде пониска од минималната плата утврдена според закон и колективен договор.  

Контрола на пресметката и исплатата на минималната плата кај работодавачите ја врши Државниот инспекторат за труд. Доколку работодавачот исплати нето плата пониска од минималната плата, ќе му се изрече глоба во износ од 6.000 до 7.000 евра во денарска противвредност, додека за одговорното лице кај работодавачот 3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност.

Со новите предлог измени на Законот за минимална плата се зајакнуваат глобите за рaботодавачите кои не исплатуваат минимална плата согласно со закон. Се предлага глоба во износ од 8.000 до 9.000 евра во денарска противвредност за прекршок на работодавач доколку исплаќа плата под минималната плата. За повторување на овој прекршок се предлага глоба од 9.000 до 10.000 евра во денарска противвредност а државниот инспекторат за труд ќе донесе решение за забрана на работата на работодавачот во целина во траење од 15 дена за кој период работодавачот ќе биде обврзан да исплати минимална плата и социјални придонеси за вработените.

Предлог измените можете да ги превземете ТУКА

 

Партнери на Правдико