Се предлагаат измени во Законот за азил и привремена заштита | Правдико

Правдико

   

Се предлагаат измени во Законот за азил и привремена заштита

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Со предложеното нормативно решение се овозможува на странецот на граничен премин или во внатрешноста на територијата на Република Македонија пред полициски службеник на Министерството за внатрешни работи да искаже намера дека ќе поднесе барање за признавање на право на азил и да биде упатен во рок од 72 часа да поднесе барање за признавање право на азил пред овластено службено лице на Одделението за азил во просториите на Прифатниот центар за баратели на азил.

Целта на законодавецот преку креирање на предметното решение е да го олесни пристапот на потенцијалните баратели на азил до постапката за остварување на право на азил, како и има за цел да се превенира нелегалната миграција. Исто така во Предлог законот се утврдени и модалитетите, односно местата до кои барателот на право на азил може да поднесе барање за признавање на право на азил.

Целта на предлог законот е да се олесни пристапот на потенцијалните баратели на азил до органот кој ја води постапката за остварување на право на азил, како и има за цел да се превенира нелегалната миграција. Исто така во Предлог законот ќе бидат утврдени и модалитетите, односно местата до кои барателот на право на азил може формално да поднесе барање за признавање на право на азил.

Препорачуваме

Партнери на Правдико