Се предлагаат измени во Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост | Правдико

Правдико

   

Се предлагаат измени во Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieСо Предлогот на Законот за изменување и дополнување нa Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост сe дополнуваат и допрецизираат одредени одредби од постојниот закон кои во практичната примена на законот  создаваа дилеми и нејаснотии.  Имено  практичната примена на законот  наметна потреба од   дообјаснување на термините  употребени во законот  во    однос на терминот објекти изградени со правна основа, потоа дообјаснување на одредбата   од постојниот член 6 во однос на утврдување на фактичката состојба во однос на околноста дали намената добро во општа употреба е реализирана.

Исто така,  се врши допрецизирање и доуредување на одредбите од постојниот закон кои се однесуваат на  начинот на приватизација на градежното земјиште со допрецизирање  на постојната одредба која се однесува на приватизација на градежното земјиште на кое се изградени објекти во етажна сопственост и доуредување на  одредбата од член 14 која се однесува на  начинот на приватизација на градежното изградено и неизградено  земјиште.

Исто така  се доуредуваат и допрецизираат и одредбите од постојниот закон кои се однесуваат на условите, начинот и постапката за воспоставување на закуп на градежното изградено земјиште, потоа допрецизирање на одредбата од член 80-б кој се однесува на начинот и постапката за престанок на правото на користење на градежното земјиште во  услови кога на таквото земјиште се изградени објекти кои не се во сопственост на запишаните корисници на градежното земјиште.

Воедно, се создава законска можност Агенцијата за катастар на недвижности по барање на корисниците, или по службена должност да изврши запишување во право на сопственост на градежно неизградено земјиште  на кое биле запишани корисници  по основ на поранешна сопственост или со платен надомест, а не поднеле барање за приватизација до 15.12.2014 година. Ова право им се дава на оваа категорија на лица  за земјиште кое не е опфатено со актите за урбанистичко планирање, односно е надвор од планскиот опфат.

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико