Се предлагаат измени во Законот за заштита на децата | Правдико

Правдико

   

Се предлагаат измени во Законот за заштита на децата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Предложените измени и дополнувања на овој закон се со цел овозможување и на други правни лица да даваат услуги за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, во детска градинка/центар за ран детски развој како организациони единици.  Во функција на подобрување и подигнување на здравата исхрана на децата во установите за деца, се предлага пропишување на Стандарди за исхрана и оброци во установите за деца. Се допрецизира постапката за основање на установи за деца во насока на олеснување при основањето на установите за деца, како и скратување на постапката при промена на седиштето/ просторните услови на установите за деца.

Со воведување на електронска апликација на барање за остварување на правото на детски додаток ќе им се овозможи на барателите по електронски пат онлајн да аплицираат за правото.Потребата од донесување на Закон за изменување и  дополнување на Законот за заштита на децата произлегува од  практичната примена на Законот за заштита на децата.

Утврдена е потреба од давање можност згрижување и воспитание на децата да се организира во детска градинка/центар за ран детски развој во состав на правни лица за потребите на вработените како и во образовна институција за образование на стручен кадар за предучилишно воспитание, како и можноста во состав на јавна детска градинка, односно детска градинка во приватна сопственост да се формира центар за ран детски развој како објект.

Утврдена е потреба од воведување на електронска апликација на барање за остварување на правото на детски додаток. Се врши доусогласување со Законот за општата управна постапка. Утврдена е потреба од уредување на условите кои треба да ги исполни директор на приватна установа за деца – детска градинка /центар за ран детски развој приватна установа за деца – детско одморалиште и раководно лице во организациона единица во состав на правно лице.

Со цел за поефикасно работење на комисијата се намалува  бројот на членовите на комисијата за лиценцирање. Во функција на подобрување и подигнување на  здравата исхрана на децата во установите за деца, се предлага пропишување на Стандарди за исхрана и оброци во установите за деца.

Утврдена е потреба од  доуредување на постапка за основање на установи за деца во насока на олеснување при основањето како и скратување на постапката при промена на седиштето/ просторните услови на установите за деца.

Се предлага воспитната – образовната работа во детска градинка, односно центар за ран детски развој, за деца со пречки во развојот да се изведува според програма за рано учење и развој  за деца со пречки во развојот базирана врз Стандардите за рано учење и развој, која ќе биде изготвувана од  Бирото за развој на образованието, а ќе ја донесува министерот.

Утврдена е потреба од  уредување на начинот на претставување на прирачниците и детските списанија во установите за деца и изборот на истите од страна на родителите и доуредување на начинот на утврдување на цените на услугите и  износот на надоместок на трошоците за престој во установата за деца што паѓа на товар на родителите.

Предлог тесктот е во изработка.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико