Правдико

   

Се претставил како вработен во УЈП и “успеал“ со измама да земе 3.000 евра

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mvr-618x3601Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против Д.Т.(27) од Скопје, за сторено кривично дело – “измама“ (чл. 247 од КЗ на РМ).

Имено, од страна на УЈП – Регионална дирекција Тетово, по извршена инспекциска контрола во правно лице со седиште во Тетово, сопственост и управувано од оштетениот му била пресметана даночна обврска по основ на неплатен ДДВ и персонален данок во вкупен износ од 8.700.000 денари и со Решение било задолжено предметното правно лице да ја плати даночната обврска.

Притоа, оштетениот до УЈП – Тетово поднел барање за одложено плаќање на даночен долг и во периодот додека се одлучувало по поднесеното барање, пријавениот Д.Т. на непознат начин дошол до информации во врска со гореизнесеното по што на на почетокот на минатиот месец телефонски го исконтактирал оштетениот. Пријавениот му се претставил дека наводно е вработен на висока позиција во Управа за јавни приходи Скопје при Министерство за финансии и побарал да остварат средба за да се договорат околу исплатата на долгот во однос на поднесеното барање од негова страна.

Наредниот ден, оствариле средба во угостителски објект во Скопје каде пријавениот Д.Т. на оштетениот му кажал дека е испратен од неговиот „шеф“ за да му каже дека сакаат да му помогнат, односно да му овозможат остатокот од основниот долг да го исплати на 48 рати (на сума од 7.200.000 денари) и да му овозможат отпис на долгот по основ на камата (1.500.000 денари). За наводната „услуга“ пријавениот побарал од оштетениот да му исплати износ од 3.000 евра.

Два дена подоцна оштетениот повторно се сретнал со пријавениот и му кажал дека обезбедил 1.500 евра, при што пријавениот ги земал истите, а за останатите 1.500 евра побарал да му бидат дадени на 09.01. воедно ветувајќи му дека ќе го исполни ветеното. Откако на посоечниот датум  повторно се сретнале во угостителски објект во Скопје, пријавениот ги земал останатите 1.500 евра од оштетениот и му кажал дека за кратко време ќе му го донесе и предаде изготвеното Решение. Во наредниот период пријавениот комуницирал со оштетениот преку СМС пораки и го одржувал во заблуда, ветувајки му дека ќе му ја заврши договорената работа и на 27.01. пријавениот повторно преку СМС порака од оштетениот побарал дополнително да му исплати уште 30.000 денари. По добиената порака оштетениот се посомневал и настанот го пријавил во полиција.

Во СВР Скопје-ЕЕКК од страна на оштетениот се одземени 30 банкноти во апоени од по 1.000 денари кои биле криминалистичко-технички обработени и на 31.01 на договорена средба се сретнале пријавениот и оштетениот во кафе-бар во Скопје при што пријавениот ги примил  паричните средства и на оштетениот му кажал дека на 02.02. ќе биде повикан во УЈП за да му биде врачено Решението. При излегување пријавениот е лишен од слобода и врз основа на Наредба од Основен Суд Скопје 1 Скопје му е извршен претрес пришто се пронајдени предметните парични средства. Од пријавениот е одземен мобилен телефон и сим– картичка, а врз основа на Наредба од Основен Суд Скопје 1 Скопје извршен е претрес и во неговиот дом но не се пронајдени траги и предмети од кривично дело.

Од извршените проверки во Управата за јавни приходи и обезбедената документација од Даночен инспекторат Тетово, како и од извршените проверки во Агенцијата за вработување на РМ констатирано е дека пријавениот Д.Т. е со статус на невработено лице. Исто така во изминатиот период против Д.Т. се поднесени кривични пријави за сторени кривични дела “насилство“, “затајување“, “загрозување на безбедноста на сообраќајот“ и “измама“.

Извор:МВР

Партнери на Правдико