Се решава проблемот на околу 3.000 лица неевидентирани во матичната книга на родени | Правдико

Правдико

   

Се решава проблемот на околу 3.000 лица неевидентирани во матичната книга на родени

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Проблемот со лицата неевидентирани во матичната книга на родени ќе се решава системски во неколку фази, информираа денеска од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

„В петок Управата за водење матични книги ќе го отвори огласот за пријавување лица кои не се евидентирани во матичната книга на родени и тој ќе се однесува за сите лица кои се на територија на Република Македонија. Пријавувањето ќе трае 6 месеци. Во текот на овој период паралелно ќе се направат измени во Законите за вонпарнична постапка, Законот за матична евиденција и Законот за лични карти, живеалиште и престојувалиште“, соопштија од МТСП.

Во меѓувреме ќе се подготват и обучат матичните служби, центрите за социјална работа и граѓанските организации кои го поддржуваат овој процес со цел да им се обезбеди навремена услуга на засегнатите граѓани, за кои се проценува дека се околу 3.000 лица.

По завршување на сите фази ќе се утврди точната бројка на лица неевидентирани во матична книга на родени. Тие ќе добијат привремен регистарски број со кој ќе добијат одредени права во делот на здравствена и социјална заштита и образование, изјавија од Министерството за труд и социјална политика.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико