Се самоуби убиецот на двајцата војници во БиХ | Правдико

Правдико

   

Се самоуби убиецот на двајцата војници во БиХ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Енес Омерагиќ кој синоќа во сараевската населба Рајловац убил двајца војници и ранил неколку други лица, се самоубил во својата куќа која била опколена од полицијата.

50155

Ова го потврди министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Драган Мектиќ. Претходно Омерагиќ во една обложувалница убил двајца припадници на Оружените сили на Босна и Херцеговина и ранил уште еден војник, како и жена која работела во обложувалницата.

Потоа тој стрелал во градски автобус при што го ранил шоферот, како и двајца патници. Сараевските медиуми го идентификуваа напаѓачот како селафист, односно припадник на ултра конзервативната исламистичка идеологија која повикува на џихад во светот.

„Доколку се потврди дека станува збор за тероризам, а постои таква можност, тогаш е во прашање безбедноста на граѓаните и мораме да дејствуваме брзо и ефикасно “, изјави министерот Мектиќ.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико