Правдико

   

Се укинува притворот за Соња Верушевска и се праќа на куќен притвор

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, доцна поладнево достави решение со кое жалбата на обвинетата Соња Верушевска изјавена преку нејзиниот адвокат , за укинување на мерката притвор се уважува.

Со тоа решението на Кривичниот совет при Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, КСП – КОК бр. 408/15 од 29.06.2015 година се преиначува и гласи:

Мерката притвор против обвинетата Соња Верушевска , определена со решение на судија на претходна постапка  КОК – ПП бр.52/15 – 2 од 31.01.2015 година, а продолжувана со решенија на Кривичниот совет од Одделението за организиран криминал и корупија КИОК – КС бр. 72/15 од 27.02.2015 год., КИОК – КС бр. 99/15 од 31.03.2015 год., КСП – КОК бр. 274/15 од 30.04.2015 год. и КСП – КОК р. 338/15 од. 28.05.2015 год. поради основано соменение дека сторила крвично дело Шпионажа од чл. 316 ст.4 в.в со чл. 42 од КЗ, се укинува. Воедно на обвинетата, согласно одредбите од член 163 од ЗКП и се опредлеува мерка Куќен притвор во траење од 30 дена , сметано од 24.07.2015 година.

На обвинетата и се забранува да го напушта домот, а надзорот за спорведување на мерката Куќен притвор и се доверува на МВР на РМ – СВР Скопје ПС Аеродром.

Поврзани статии:

– Во кои случаи се определува мерката куќен притвор

Партнери на Правдико