Се укинуваат гужвите пред УЈП, се менува системот за даночната пријава | Правдико

Правдико

   

Се укинуваат гужвите пред УЈП, се менува системот за даночната пријава

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Граѓаните кои досега поднесуваа годишни даночни пријави, во иднина нема да имаат обврска самите да ја носат пријавата на шалтерите во УЈП.

Владата одлучи да го промени системот за пресметка на персоналецот и за поднесување на пријавите.

Така што според новите прописи, УЈП ќе има обврска да ги собере сите податоци за остварените приходи на физичкото лице и во електронска форма да му ги достави на увид за дополнение или исправка.

Секој граѓанин ќе има лозинка преку која ќе може да влезе во пријавата доставена од УЈП и да направи проверка на своите податоци. Ако забележи дека во пријавата не се внесени некои од остварените приходи истите ќе може сам да ги додаде.

Новиот систем на поднесување годишна даночна пријави треба да почне да фунцкионира од следната година.

Извор:НоваТВ

Препорачуваме

Партнери на Правдико