Правдико

   

Сè уште нема обвинение за „Дрисла“, истрагата трае девет месеци

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје направи проверки постапувајќи по предмет оформен по допрен глас во јануари годинава за кривично дело загадување на животната средина и природата, а во врска со работењето на депонијата „Дрисла“ во Скопје.

„Во насока на утврдување на фактите беа побарани информации од Државниот инспекторат за животна средина за извршените контроли над работењето на депонијата. Притоа, Државниот инспекторат за животна средина во одговорот до надлежниот јавен обвинител наведува дека депонијата ‘Дрисла’ постапува во согласност со спогодбата постигната во Министерството за животна средина и просторно планирање, а извршените мерења во кругот на депонијата за квалитетот на амбиенталниот воздух покажале дека резултатите од мерењето се во дозволените граници според европското и националното законодавство“, соопштија од Обвинителството.

Сепак, и покрај ваквиот одговор, велат од таму, надлежниот јавен обвинител продолжува со проверките во насока на утврдување на фактите во предметот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико