Сè уште нема одговор од Косово за екстрадицијата обвинетите во „Монструм“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со сослушување на вешти лица од МВР кои вршеле анализи и испитувања на неколку предметни возила, денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година.
Претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев, на почетокот информира дека сè уште нема одговор на барањето за екстрадиција на двајца од обвинетите, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се во бегство на Косово. Сите останати обвинети се присутни во судница. Застапници на обвинението од Специјалното јавно обвинителство се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
Случајот „Монструм“ во февруари годинава почна од почеток и сè уште се наоѓа во доказна постапка.
Семејствата на убиените на минатото рочиште реагираа за темпото со кое се води случајот, а обвинителката Фатиме Фетаи побара од судот да бидат закажани повеќе рочишта наеднаш.
За петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.
Извор: Радио Слободна Европа