Се уште постои ризик Грција да излезе од еврозоната | Правдико

Правдико

   

Се уште постои ризик Грција да излезе од еврозоната

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Ако властите во Атина не покажуваат кредибилни реформите, особено во пензискиот систем, Грција уште еднаш ќе се соочи со опасност од напуштање на еврозоната, изјави високиот официјален претставник на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Пол Томсен.

100977018-Greek, EU  flag Acropolis.1910x1000

“Ние треба да видиме кредибилен план со кој Грција ќе постигне многу амбициозен среднорочен целен суфицит”, вели Томсен, кој е директор на одделението на ММФ за Европа.

“Планот кој се базира на премногу оптимистички предвидувања ќе предизвика обновување на стравовите за излезот на Грција од еврозоната и да ја загрози инвестиционата клима”, рече тој.

Во првата половина на 2015 година, се зголеми стравот од потенцијален излез од еврозоната на задолжената Грција, кога официјална Атина беше во технички банкрот на основа на заостанати долгови кон ММФ. Од тогаш Европската унија ѝ додели на Грција голема програма за финансиска помош (на која ММФ не се приклучи), во замена за економски и пензиски реформи кои се предмет на жестока дебата во Грција.

“ММФ не сака Грција да ги спроведе драконските мерки на фискалното прилагодување на веќе сериозно загрозената економија”, рече Томсен, додавајќи дека реформата на пензискиот систем е од клучно значење за одржливоста на долгот на Атина.

Реформата на пензискиот систем, според него, ќе треба да да биде придружена со отпишување на долгот на Атина од страна на европските партнери.

Препорачуваме

Партнери на Правдико