Сè уште се трага по убиецот на Дилавер Бојку
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полицијата сè уште трага по убиецот на Дилавер Бојку – Леку, кој вчера беше застрелан во Струга.
Основното јавно обвинителство – Струга, заедно со увидна екипа од СВР Охрид, вчера беше на местото каде што беше убиен Бојку.
„Според првичните информации, убиството околу 17 часот го извршил непознат сторител со истрели од огнострелно оружје, на терасата на ресторанот ‘Аква блу’ во Струга“, стои во соопштението на Обвинителството за вчерашното убиство.
Од местото е собран доказен материјал и веднаш е даден на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител, на телото на починатиот ќе се изврши обдукција.
Од Обвинителството наведуваат дека интензивно се преземаат мерки и активности за откривање на сторителот на кривичното дело.
Дилавер Бојку – Леку е познат криминалец и осуденик за организирање нелегална проституција во селото Велешта. Тој вчера беше убиен со куршум во главата на плажа во Струга пред неговата кафеана во близина на старата автобуска станица.
Пукањето се случило околу 17 часот пред посетителите на кафеаната на плажата „Аква блу“. Веднаш потоа Бојку бил пренесен во Општата болница во Струга со прострелна рана во главата, каде што од страна на докторите била констатирана смрт.
Според очевидци, човекот којшто пукал во Бојку бргу се качил на мотор и побегнал во непознат правец.
Некои од медиумите јавуваат дека причина за ова убиство е крвна одмазда.
Извор: Макфакс