Се утврдува составот на Комисијата за избори и именувања
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Соодносот на пратеничките сили во комисијата за избори и именувања во Собранието е договорен, но не и имињата. Координацијата на пратеничките групи со екс претседателот и претседавач на Собранието Трајко Вељаноски е прекината и презакажана за во 15 и 30.
Дотогаш треба да се договорат имињата на членовите на Комисијата. Координацијата во Собранието започна на пладне.
Според извори од собраниските служби договорено е ВМРО-ДПМНЕ да има 6 члена во Комисијата, СДСМ 5, а ДУИ и БЕСА да бидат застапени со по еден член.
Според извори од собраниските служби договорено е ВМРО-ДПМНЕ да има 6 члена во Комисијата, СДСМ 5, а ДУИ и БЕСА да бидат застапени со по еден член.
Според Деловникот на Собранието, Комисијата за прашања на изборите и именувањата се избира на конститутивната седница на Парламентот на предлог на најмалку 10 пратеници, а нејзиниот состав треба да обезбеди соодветна застапеност на пратениците од политичките партии застапени во Собранието. Оваа Комисија или најмалку 20 пратеници може да предложат кандидат за претседател на Собранието, а предлагач може да биде и пратеник.
Конститутивната седница на Собранието почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината сооглед дека не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на законодавниот дом.
Извор: 24Вести