Правдико

   

Се вештачат докази и се прегледуваат снимки од камери за убиството во Чаир

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство – Скопје соопшти дека надлежен јавен обвинител ги презема сите неопходни дејствија за откривање на сторителот и мотивот за убиството што се случи во петокот вечерта во скопската населба Чаир.

„Обезбедени се видеозаписите од камерите што се наоѓаат во околината на местото каде што се случи убиството и истите ќе бидат предмет на анализа. По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Во исто време издадени се повеќе наредби за вештачење на чаурите, на облеката, на трагите од крв и на други предмети пронајдени и подигнати од местото на настанот“, соопшти обвинителството.​

Скопјанецот Исмет Арифи беше убиен, а Ќемал Лусјани ранет во нападнато возило во Чаир. Непосредно  пред пукотниците тие двајцата биле во чајџилницата „Диселдорф“ на улицата Лазар Трповски. Кога излегле од таму, влегле во возило марка „пасат“, кое било паркирано во непосредна близина на чајџилницата. И.А. седнал на возачкото место, а Ќ.Л. на совозачкото. Откако го стартувале возилото и се придвижиле во насока од улицата Лазар Трповски во правец кон улицата Втора македонска бригада, од непосредна близина од страната на возачот, непознат сторител со употреба на огнено оружје испукал повеќе куршуми во правец на возилотo, при што со неколку куршуми смртно го застрелал И.А., а со еден куршум го ранил Ќ.Л. во левото рамо, по што сторителот избегал, соопштија викендов од МВР. Настанот во полиција бил пријавен околу 22.30 часот. Ранетиот е пренесен во скопскиот Ургентен центар, а телото на починатиот е дадено на обдукција.

Од местото на настанот подигнати се 11 чаури и возилото за крим-техничка обработка. Од починатиот одземени се мобилни телефонски апарати, облека и други лични предмети, земена е парафинска ракавица и истите ќе бидат предмет на вештачење.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико