Правдико

   

Се води истрага за фотографирање на деца од градинка

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

МВР спроведува истрага за случајот со фотографирање на деца во градинки и основни училишта во Западна Македонија.

14052015161744_полиција

Како што се дознава од безбедносните извори, на граничен премин се задржани три лица што сакале да излезат од земјава, а биле осомничени за вмешаност во случајот.

Истрагата е покрената по пријава на родител кон крајот на минатиот месец.

Според социјалните мрежи, станува збор за германска фирма која ги фотографирала децата без одобрение од родителите. Како што пишуваат, децата биле сликани групно и поединечно, а од нив биле земани и лични податоци.

Во Државниот просветен инспекторат изјавија дека ќе испратат инспектори на терен кои ќе извршат вонреден инспекциски надзор.

Инаку, по социјалните мрежи кружи и меморандум за соработка потпишан од министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми и извесна германска фирма што најверојатно се занимава со фотографирање.

Засега е неизвесно дали има и каква е поврзаноста на оваа фирма со фотографирањето и земањето лични податоци на малолетниците.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико