Се воведува обврска за изготвување на елаборат за енергетска ефикасност – Предлог измени | Правдико

Правдико

   

Се воведува обврска за изготвување на елаборат за енергетска ефикасност – Предлог измени

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

energetski_pasosi3-461x185Унапредувањето на енергетската ефикасност е една од главните приоритети на Владата на Република Македонија. За таа цел со Законот за енергетика и стратешките национални документи се пропишуваат активности со цел да се создадат услови за подобрена импелементација на мерките со кои се придонесува за унапредување на енергетската ефикасност и постигнување на националните индикативни цели за заштеда на енергија.

Со предметните измени и дополнувања се воведува елаборат за енергетска ефикасност, со цел со истиот да се влијае кон изградба или значителна реконструкција на згради од аспект на повисока енергетска ефикасност, усогласување со Законот за инспекциски надзор во делот со кој се уредува правото на поднесување на жалба против решение донесено од инспекциските органи, до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, како и усогласување со одредбите од законот со Законот за прибавување и размена на податоци и докази по службена должност („Службен весник на РМ’’ бр. 79/13).

Целта на овој предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика е:

  • со воведувањето на обврска за изготвување на елаборат за енергетска ефикасност да се влијае кон изградба или реконструкција на згради од аспект на повисока енергетска ефикасност,
  • усогласување со Законот за прибавување и размена на податоци и докази по службена должност („Службен весник на РМ’’ бр. 79/13), односно избегнување на потребата за повеќекратно поднесување на исти документи во различни постапки, што овозможува поефикасно спроведување на постапките преку прибавување по службена должност на податоците и доказите кои ги издаваат други институции од страна на надлежните институции кои ги спроведуваат постапките согласно Законот за енергетика, како и
  • во постапките на инспекциски надзор кои се спроведуваат од страна на Државниот инспекторат за техничка инспекција и Државниот пазарен инспекторат да се овозможи изјавување на жалба против донесените решенија до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Целиот текст на Предлог законот можете да го превземите ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико