Правдико

   

Се возеле со велосипеди низ Тетово за време на полицискиот час

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Тетово до Основниот суд – Тетово достави предлог за издавање казнени налози против двајца тетовци.

Обвинетите вчеравечер околу 20:45 непочитувајќи ја забраната за движење за време на полицискиот час со велосипеди се движеле низ Тетово. На ул.Илинденска биле забележани од страна на полициски службеници и лишени од слобода.

Двете лица се обвинети дека сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено и казниво во член 206 став 1 од Кривичниот законик, за што обвинителството му предложи на судот на обвинетите да им изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби.

Партнери на Правдико