Се забранува увоз, производство и ставање во промет на храна за животни која содржи ГМО – Предлог измени
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната за животни се воведува нова одредба со која се забранува увоз, производство и ставање во промет на храна за животни која содржи ГМО или се состои од ГМО, ГМО кои се користат како храна за животни и храна за животни произведена од или која содржи состојки произведени од ГМО. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната за животни се врши и јасна распределба на надлежностите помеѓу Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот инспекторат за земјоделство, орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Воведена е и одредба со која се воведува Програма за мониторинг за безбедност на храна за животни.
Во заклучокот на Владата на Република Македонија од Сто шеесет и првата седница одржана на 8.10.2013 година, во однос на точка 71 Информација за потпишан правилник кој ја регулира проблематиката со генетски модифицирана храна, како и точка 47 Информација по однос на можноста за доставување на Предлог закон за изменување и дополнување на соодветен закон за спречување на увоз на генетски модифицирана храна, е утврдено дека надлежните институции треба да внесат одредби во сите закони кои ја третираат генетски модифицираната храна согласно кои ќе се утврди забрана за увоз во Република Македонија на сите видови генетски модифицирана храна, а рокот на нивното важење да биде се до влегувањето на Република Македонија во Европската Унија.
Во постоечкиот Закон за безбедност на храната за животни не е предвидена Програма за мониторинг за безбедност на храна за животни заради откривање на присуство на резидуи, контаминенти, и недозволени или непожелни супстанции, сировини и производи во храната за животни.
Целиот текст на Предлог Законот можете да го превземете ТУКА