Ѝ се заканувал дека ќе објави интимни фотографии од неа ако не почне љубовна врска со него
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Жител на струшкото село Лабуништа ѝ се заканувал на девојка дека ќе објави компромитирачки фотографии од неа ако не почне љубовна врска со него.
Според информациите на МВР, против А.Н.(33) од село Лабуништа е поднесена кривична пријава за уцена.
„Во текот на годинава пријавениот во повеќе наврати ѝ се заканувал на девојка од село во Струшко дека доколку не прифати да биде во љубовна врска со него, ќе објавел фотографии од неа со компромитирачка содржина“, велат од полицијата.
Извор: Макфакс