Правдико

   

Се заоструваат правилата за авторските права на интернет, ЕУ го усвои контроверзниот Член 13

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европскиот парламент го изгласа контроверзниот Член 13, со кој се заоструваат правилата за почитување на авторските права на интернет.

Членот 13 од Законот за авторски права на интернет ги принудува интернет-компаниите да воведат строги автоматски проверки преку кои содржината мора да помине пред да се објави на платформи како Твитер, Фејсбук или Јутјуб.

Новиот закон предвидува обврска за технолошките платформи да ја „филтрираат” содржината што ја ставаат корисниците и да проверат дали има кршење на авторските права.

Во пракса, луѓето повеќе нема да можат да користат содржини на интернет без дозвола на сопствениците на авторските права, дури и во случај на анимиран гиф или „меме”.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико