Се зголемува бројот на претставки за злоупотреба на лични податоци од социјалните мрежи | Правдико

Правдико

   

Се зголемува бројот на претставки за злоупотреба на лични податоци од социјалните мрежи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

social-networks-masthead-20120606230818Македонските корисници на социјалните мрежи се почесто се жалат на злоупотреби на нивните податоци на интернет. Минатата година, до надлежната Дирекција, стигнале вкупно 404 претставки, што е зголемување за околу 10% споредено со 2012-тата. Според првиот човек на државното тело за заштита на личните податоци, трендот е резултат на зголемена свест кај граѓаните.

Според тоа кој се жалел, статистиките велат дека од вкупниот број на претставки, 353 се од физички лица, а само 51 на правни. Ако за репер се земе причината за жалбите, речиси две третини се во насока на злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи.

Податоците за пријавените злоупотреби на лични податоци и нивната анализа денеска беа тема на конференција со норвешки официјални лица и експерти од оваа област. Со помош од скандинавците треба да се зајакнат капацитетите на македонските институции

Извор: Дневник

Препорачуваме

Партнери на Правдико