Сеад Кочан дојде на распит во Кривичниот суд | Правдико

Правдико

   

Сеад Кочан дојде на распит во Кривичниот суд

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Сопственикот на „Транс мет“, Сеад Кочан попладнево во присуство на адвокатот Никола Додевски стигна во Кривичниот суд каде се очекува да биде сослушан од страна на судија на претходна постапка во присуство на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски и Артан Ајро.

Освен Кочан денеска во Судот се очекува да бидесослушан  и Василије Авировиќ, овластен потписник на „Силекс неметали СТ“ опфатен во предметот „Труст“ што пред неколку дена го отвори СЈО.

Тие се осомничени дека фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол.

Овие три фирми на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Транс мет“.  СЈО бара притвор за Кочан и Авировиќ.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико