Седницата на ДИК го одложи рочиштето против Заев во кумановскиот суд | Правдико

Правдико

   

Седницата на ДИК го одложи рочиштето против Заев во кумановскиот суд

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Основниот суд Куманово денеска се одложи рочиштето од судскиот процес што се води против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на општинската организација на партијата, Мартин Костовски, и против СДСМ како партија, а по приватна тужба од генералниот секретар на ГРОМ, Виктор Цветковски, поради дел од објавените прислушувани разговори, пишува порталот „Кумановски муабети“.

15205536_1705274823120955_1387056343_o-860x680

Рочиштето е одложено бидејќи во судот не се појавиле лидерот на СДСМ, адвокатот на тужените, Мирослав Вујиќ, и претставникот на СДСМ како партија, Дамјан Манчевски. Единствено присутен бил претседателот на кумановскиот разгранок на СДСМ, Мартин Костовски, кој рекол дека поради неодложната работа на нивниот бранител, кој е претставник на СДСМ на денешната седница на Државната изборна комисија, тој не можел да дојде на рочиштето и побрал тоа да биде одложено.

Судијката Маја Денковска, која го води судскиот процес, посочила дека рочиштето може да се одржи и исказ да даде Костовски или, пак, да биде одложено, на што адвокатите на Цветковски побарале во интерес на постапката, тоа да биде, сепак, одложено.

Цветковски ги тужи лидерот на СДСМ, партијата и Костовски поради објавувањето на разговорите меѓу него и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, каде зборуваат за обезбедување гласови за ВМРО-ДПМНЕ меѓу двата круга на локалните избори во 2013 година во Куманово.

Следното рочиште е закажано за јануари.

Извор: Мета

Партнери на Правдико