Седницата на Советот на јавни обвинители презакажана за утре | Правдико

Правдико

   

Седницата на Советот на јавни обвинители презакажана за утре

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Седницата на Советот за јавни обвинители на која требаше да се разгледува дописот за останатите седум обвинители предложени од Катица Јанева, е одложена за утре во 10 часот.

25012golema

Советот во свои раце веќе го има дописот од Јанева во кој се бара доизгласување на останатите предложени од нејзиниот тим.

Освен дописот, во Советот е и писмото со потписи од лидерите на четирите најголеми политички партии.

Претседателот на овој орган, Петар Аневски, неколку пати потенцираше дека според мислењето на Советот на јавни обвинители, досега одобрените кандидати се доволни за специјалното јавно обвинителство да може да работи.

Ленче Ристоска, Артан Ајро, Трајче Пеливанов, Дарко Јакимовски, Снежана Бундалевска, Гаврил Бубевски и Лиле Стефановска се уште чекаат одобрение од Советот за влез во специјалното обвинителство, додека Бурим Ристеми од Куманово, Елизабета Јосифовска од Гостивар, Лејла Кадриу од Тетово, Љубомир Лапе од Крива Паланка, Марија Ѓорѓева од Скопје, Стефчо Донев од Кочани и Фатиме Фетаи од Обвинителството од Скопје се оние кои досега добија одобрение.

Извор: НОВА

Препорачуваме

Партнери на Правдико