Седницата за буџетот закажана на 17 октомври | Правдико

Правдико

   

Седницата за буџетот закажана на 17 октомври

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски за 17 октомври го закажа почетокот на 125. седница на која пратениците треба да расправаат за Предлог-буџетот за 2017 година.

12102016111941_web_sednica

Владата го достави до Собранието Предлог-буџетот откако ѝ беше вратен на разгледување по завршување на амандманската расправа во Собранието.

Расправата за Предлог-буџетот на пленарната седница може да трае најмногу пет дена.

Буџетот е една од причините поради која Собранието најверојатно нема да се распушти денеска, туку ќе бидат искористени скратените рокови за предвремени избори за распуштање најдоцна 45 дена пред избори.

Доколку политичките партии опстојат на датумот за избори на 11 декември, последниот датум кога Собранието треба да се распушти е 27 октомври. Откако ќе му престане мандатот на овој пратенички состав, почнуваат да течат роковите и за организацијата на изборите, која преминува во рацете на Државната изборна комисија.

Во меѓувреме, ВМРО ДПМНЕ преку соопштение го повика СДСМ уште денеска да достави барање до Собранието за негово распуштање.

– Доколку СДСМ собере храброст, го повикуваме Претседателот на Собранието господин Трајко Вељановски да ја стави таа точка на дневен ред за да биде разгледана и усвоена – се вели во партиското соопштение.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико