Седницата за разрешување на Зврлевски одложена за понеделник
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Собранието денеска нема да ја продолжи шестата седница на чиј дневен ред e разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Седницата е презакажана в понеделник во 11:00 часот.
Претседателиот на Собранието Талат Џафери вчера ја прекина седницата по серијата паузи што ја побараа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со цел да ги разгледаат стенограмите од обраќањето на омбутсманот Иџет Мемети. На седницата се расправаше и за Предлог одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител. Претходно, од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека формирале 10 пратенички групи.
Извор: Радио Слободна Европа