Седницата за уставните амандмани презакажана за попладне, се чека новиот пратеник | Правдико

Правдико

   

Седницата за уставните амандмани презакажана за попладне, се чека новиот пратеник

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја констатираше оставката на пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев. Џафери ја презакажа седницата за 16 часот, на која на дневен ред се четирите измени на уставните амандмани.

Дотогаш, претседателот на Собранието очекува ДИК да го врачи уверението за новиот пратеник на листата.

Рубин Земон ќе седне на пратеничкото место на Тунтев, додека на позицијата координатор на пратеничката група на СДСМ доаѓа Јован Митревски, кој досега беше заменик-координатор заедно со пратеничката Соња Мираковска.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико