Седници на четири собраниски комисии | Правдико

Правдико

   

Седници на четири собраниски комисии

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за европски прашања, за здравство и Комитетот за односи меѓу заедниците.

 

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за извршување, по скратена постапка  во второ читање читање, поднесен од пратениците Невенка Стаменковска, Илија Димовски, Драган Данев.

Членовите на Комисијата за европски прашања треба да ја продолжат расправата по Предлог – законот за употреба на јазиците, во прво читање, а на Комисијата за здравство Предлог – законот за изменување на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, по скратена постапка  во второ читање.

Комитетот за односи меѓу заедниците, пак, треба да го разгледа Изборот на претседател и заменик на претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Извор: ТВ24

Препорачуваме

Партнери на Правдико