Седници на три собраниски комисии и на Буџетскиот совет | Правдико

Правдико

   

Седници на три собраниски комисии и на Буџетскиот совет

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат собранискиот Буџетски совет и комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија.

sobranie1-golema

На дневен ред на Буџетски совет се Предлог-стратешкииот план на Собранието за периодот 2017-2019 и Предлог – буџетското барање на Собранието за 2017 година.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, по скратена постапка – второ читање е единствена точка на дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе дискутираат за Предлог-законот за изменување на Законот за државниот испитен центар, по скратена постапка – второ читање, поднесен од група пратеници и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спортска академија, по скратена постапка – второ читање.

Законодавно-правната комисија ќе расправа по Предлог-законот за изменување на Законот за државниот испитен центар, по скратена постапка – второ читање, поднесен од група пратеници.

На дневниот ред се и предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за спортска академија и на Законот за административни службеници, двата по скратена постапка – второ читање и Барањето за давање автентично толкување на член 8, став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор, поднесено од пратеникот Џеват Адеми.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико