Седниците на Врховен за распоредот на судиите не се од јавен интерес?! | Правдико

Правдико

   

Седниците на Врховен за распоредот на судиите не се од јавен интерес?!

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

За денеска е закажана седница во Врховниот суд на која ќе се разгледува барањето за изземање по одлучување на претседателот на судот Јово Вангеловски од предметот за притворот на бизнисменот Сеад Кочан и за годишниот распоред на судиите од Кривичниот суд со кој незадоволство од прераспоредувањето на други позиции изјавија 17 судии.

Повеќе судии побараа присуство на седницата за да ги образложат приговорите. Побарана е и јаност од медиумите, меѓутоа Врховен тоа не го прифати уште на минатата општа седница. Тогаш ВД претседателката на Врховен, Снежана Бајлозова одговори дека одлучувањето по приговори на судии по годишните распореди за работа за 2017 година не спаѓа во категоријата на прашања од пошироко правно значење, и соогласно деловникот не се дозволува присуство на претставници на јавните гласила. „Оценувањето за тоа дали при разгледувањето на вакво правно прашање е дозволено присуство на претставници на јавните гласила е во надлежност на претседателот на Врховниот суд на РМ“ – рече Бајлозова.

За споредба, седниците на Уставниот суд и на Судскиот совет се јавни, освен во исклучителни случаи. Поранешни судии во Врховниот суд за Макфакс, велат дека седниците на Врховниот суд се скоро секогаш отворени за јавност, инцидентно била исклучувана јавноста за некој управен предмет кога биле присутни странките.

Извор: Makfaks

Препорачуваме

Партнери на Правдико