Седум нови решенија издадени за отстранување урбана опрема во општина Центар | Правдико

Правдико

   

Седум нови решенија издадени за отстранување урбана опрема во општина Центар

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар во изминатиот период врши засилени контроли и инспекции, особено на локациите каде што има поставено дива и нелегална урбана опрема (затворени тераси, маси, столови…).

„Издадени се 7 нови решенија за отстранување на урбаната опрема на правни лица кои се наоѓаат на територија на општината. Решенијата се веќе дадени на понатамошна обработка, а согласно со законската регулатива во Република Македонија, правните лица имаат определен рок во кој самите треба да постапат по решенијата и да ја отстранат урбаната опрема. Доколку не го сторат истото, општината ќе постапи по решенијата, во рамките на својата законска ингеренција“, велат од Општина Центар.

Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ уште еднаш апелираат до сите засегнати страни и правните лица да се придржуваат до и да ги почитуваат правилата и процедурите за издавање одобрение за поставување урбана опрема и заградување на просторот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико