Седум уапсени по ескалацијата во насилството меѓу бандите во Копенхаген | Правдико

Правдико

   

Седум уапсени по ескалацијата во насилството меѓу бандите во Копенхаген

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Копенхагенската полиција уапси седум лица во координирана акција во неделата, како реакција на ескалација на насилството меѓу бандите во градот. Тие добија притвор во траење од 24 дена по прелиминарната судска постапка во понеделникот.

Седумте лица кои беа уапсени се осомничени за вмешаност во насилен напад поврзан со нов конфликт со банди, пренесува „Екстра бладет“. Конфликтот меѓу бандите наводно е причина и за минатонеделните престрелки во областа Норебро.

Нападот се случил во еден фризерски салон во Норебрo на 16-ти септември. Жртвата била клоцана и удирана, а во инцидентот било употребено и остро оружје. Сите седум осомничени ги негираа обвиненијата.

Полицијата претходно изјави дека инциденти со пукање во Копенхаген минатата недела биле поврзани со внатрешен раскол во рамките на една организирана криминална банда. Бандата за која станува збор е позната како „Бротас“ и е поврзана со станбената област Мјоленпаркен во Норебро. Второто пукање се случило во саботата во Ишој, југозападно од Копенхаген, при што цел била група луѓе. Никој не беше повреден во инцидентот.

Во петокот, тројца луѓе, меѓу кои и двајца минувачи, беа повредени од истрели во Норебро. Овие инциденти следеа по две други престрелки претходно минатата недела, што резултираше со еден повреден. Полицијата во делови од Копенхаген, меѓу кои и во Ишхој, оттогаш постави  зони за запирање и претрес кои ѝ овозможуваат на полицијата да застане секого во рамките на одредено подрачје и да го претресе за оружје без да има уверлива причина за тоа.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико