Седуммина косовари осудени за помагање на Исламската држава | Правдико

Правдико

   

Седуммина косовари осудени за помагање на Исламската држава

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Косовски суд осуди седум мажи на затворски казни поради тоа што се бореле на страната на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава и регрутирале борци за оваа џихадитичка група, соопшти судот во четвртокот.

Мажите, сите државјани на Косово, се осудени на затворски казни во траење од две ипол до четири ипол години, наведува судот во Приштина.

Според косовската полиција, околу 300 тамошни граѓани ѝ се придружиле на Исламската држава на боиштата во Сирија и во Ирак, каде имале и своја единица. Според расположливите податоци на властите во Приштина, досега во борбите загинале повеќе од 50 косовци.

На Косово повеќе од 200 луѓе се уапсени, затворени или се под истрага поради регрутирање луѓе во името на Исламската држава или поради тоа што се бореле во редовите на џихадистичката организација.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико