Секој човек должи 48 милиони евра за илегално симнување филмови и музика | Правдико

Правдико

   

Секој човек должи 48 милиони евра за илегално симнување филмови и музика

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Просечен човек илегално од интернет има симнато приближно 2.900 песни и 90 филмови, покажува најновото истражување, а вредноста на штетата се проценува на преку 48 милиони евра по личност

download-music-movies-games-software-the-pirate-bay-the-galaxys-most-resilient-bittorrent-site-620x301

Во истражувањето, прво биле испитани сите разлики меѓу музичките и филмските пирати. Ова покажало дека филмовите ги крадат побогатите лица, кои помалку се грижат дека ќе бидат фатени, за разлика од музиката. Истражувачите откриле и дека филмските пирати, главно живеат во поголемите градови.

Споменатите податоци се добиени од прашалници кои пополниле повеќе од 6.000 Финци, на старост од 7-84 години.

До споменатата сума, истражувачите дошле на следниов начин: Да кажеме дека просечна личност од горенаведениот старосен период симнала 2900 песни, тоа значи дека целото население, нелегално презело 20.300.000.000.000 песни. Да кажеме дека за секоја од нив, доколку судот пресуди дека е илегално користена, потребно е да се плати 16,137 евра, со едноставно множење, се добива износот од 327.581.100.000.000.000 евра.

Доколку се земе дека вкупниот БДП на светот изнесува 50.921.626.000.000 евра, се добива износот, дека секоја личност на светот, поради илегално симнување песни, должи 4.613.786 долари. А тоа се и филмови. Со истиот овој метод се добива и цифрата од неверојатни 48 милиони евра.

Вкупната штета ја надминува вредноста на годишната глобална економија за 6.5 милиони пати, што е неверојатно.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико