Секој што ќе ја напушти државата, ќе потпише документ дека 3 месеци нема да се врати
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Секој граѓанин што ќе ја напушти државата, во иднина ќе потпишува документ во кој изјавува дека во наредниве 3 месеци нема да смее да се врати во државата. Ова е една од мерките што ги донела Владата на последната седница, а со цел заштита од коронавирусот.
Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, не одговори децидно што ќе подразбира вонредната состојба во државата, рече дека тоа ќе зависи од поведението на граѓаните и развојот на целата ситуација.
„Кога укажуваме дека не треба да имаме собири или журки, не може и не смее да има. Сега ние ќе мора да се ставиме во малку поинаков режим. Владата укажуваше – не патувајте, а некои од граѓаните пред 4-5 дена си патуваа туристички за да не им пропаднеле билетите. Токму затоа сега ќе мора да се следат препораките“, рече Спасовски.
Во однос на патниците што вчера слетаа со авион од Белгија, а некои од нив имаа симптоми, Спасовски рече дека сите биле тестирани и врз основа на тоа се предложиле мерки.
„Знам дека не се добри условите, но првично се добри за воспоставување превентивни мерки. Имаме и други капацитети, а имаме и ситуација во која никој не може да биде комотен“, рече Спасовски.
Според Уставот, вонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии. Постоењето вонредна состојба на територијата на РСМ или нејзин дел го утврдува Собранието по предлог на претседателот, Владата или најмалку 30 пратеници. Одлуката со која се утврдува постоењето вонредна состојба се донесува со двотретинско мнозинство од вкупниот број пратеници и има важност најмногу 30 дена. Ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа е во можност да се состане.
Извор: Макфакс