Во Кривичниот суд денеска почна главната расправа од судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во македонското Собрание.
Абедин Абдули, кој е адвокатот на пратеникот Зијадин Села, денеска рече дека од обвинетите за тепањето на Села – Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра, бараат 500.000 евра – материјални трошоци за лекување и нематеријални за претрпената физичка и душевна болка и повреда на личниот интегритет.
Се очекува лидерот на Алијансата за Албанците подоцна да стигне на судското рочиште.
Поради промена на на двајца поротници главната расправа почна од почеток.
Обвинителот Дарко Јакимовски и адвокатите на десетмината обвинети пред судечкиот совет со кој претседава судијката Славица Андревска рекоа дека остануваат на воведните зборови дадени на претходното рочиште. Денешното рочиште продолжува со распит на сведоци.