Правдико

   

Села добива закани на социјалните мрежи, тврдат од неговата партија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од партијата Алијанса за Албанците повикаа Јавното обвинителство и МВР итно да преземаат законски мерки во врска со заканите што претседателот на партијата, Зиjадин Села, ги добил на социјалните мрежи.

„Ова се кукавички закани од хулигани што постојано упатуваат навреди кон пратеникот и претседател на Алијансата, г. Зијадин Села, потсетувајќи го за 27 април и тоа со жалење зашто не им подлегнал на раните во моментот кога сите мислеле дека е мртов. Една таква закана синоќа беше упатена од фејсбук-профилот ‘Македонски лавови’“, стои во соопштението на партијата.

Од Алијансата за Албанците велат дека вакви закани воопшто не ги плашат Села и членовите на партијата, но тие влијаат во нарушување на меѓуетничките односи, особено кога институциите не преземаат мерки за изнаоѓање и казнување на хулиганите.

„Ги потсетуваме МВР и Јавното обвинителство дека пред извесно време имаше закана кон премиерот Зоран Заев кога МВР и Обвинителството експресно ги пронајдоа сторителите што упатија слични закани како вчерашниот настан со пратеникот Зијадин Села“, наведуваат од партијата и констатираат дека во овој случај тешко ќе бидат преземени мерки бидејќи, како што велат, Обвинителството работи со двојни стандарди, едни за Албанци и други за Македонци.

На крајот, од Алијансата за Албанците велат дека доколку институциите навистина не преземат никакви мерки, ќе ги сметаат за соработници и наредбодавци на хулиганите што поттикнуваат етничка омраза.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико