Правдико

   

Селмани: Предлог-законот за медиуми за две недели влегува во собраниска процедура

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за aудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој минатата година беше поднесен од страна Здружението на новинари и од Самостојниот синдикат на новинари, а кој во процедура го пушти тогашната опозициска СДСМ, доби поддршка од Владата како прв чекор за отпочнување на реформите во медиумите, рече претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, на денешната заедничка прес-конфернаицја со белгискиот експерт Питер Ванхојте.

Селмани рече дека ова предлог-решение веќе од наредната недела ќе биде ставено на јавна дебата во која ќе учествуваат сите засегнати чинители, кои може да даваат предлози и идеи, по што се очекува за две недели да влезе во собраниска процедура.

„Новата Влада рече дека ќе се заложи за брзи реформи во медиумите. Ние очекуваме дека ова предлог-решние што го изготви Питер Ванхојте ќе биде на врвот на листата на приоритети. Сметаме дека нема повеќе време за губење и потребно е сите заеднички да се заложиме и да го отвориме тој процес, пред сè во делот на слободата на говорот. На сите ни е јасно дека реформите се неопходни, знаме дека се нотирани како приоритетни и во извештаите на ЕУ, рече Селмани.

Белгискиот експерт Ванхојте, кој дојде на покана на ЗНМ, рече дека главно законот предвидува реформи во програмскиот совет на МРТ и во советот на Агенцијата за медиуми , враќање на професионалното новинарство и заштита на новинарите од политички закани и насилство. Ванхојте рече дека во процесот на дебата треба да се вклучи и опозицијата со конструктивна дебата и да даде поддршка на реформите.

„Прашањето за јавниот дифузер треба да биде затворено. Потребно е да се направи анализа во која ќе бидат опфатени финансиските средства, расположивиот персонал и продукцијата. Наш предлог е Владата да даде финансиска поддршка со 1% од буџетот за финансирање на јавниот сервис. Овие предлози кои се на маса треба да поминат низ еден процес на дебата во кој треба да бидат вклучени сите и пред сè опозицијата. Порачувам дека е време за работа и само работа, не е време за одмори туку треба работа“, рече Ванхојте.

Тој додаде дека согласно реформите треба да бидат затворени педесет и двата случаи против новинари, како и случајот со новинарот Зоран Божиновски, кој, според него, неоправдано е толку време да остане во притвор, а да не биде изведен пред судските органи.

Во законското решение не се опфатени он-лајн медиумите. Но, како што информираше Селамани, со тек на време ќе се најде соодветен модус и за порталите.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико