Семејно насилство и неговите видови
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Семејното насилство е доста чувствителна тема, за која долг временски период не постоела соодветна правна регулатива во нашето законодавство. Најчесто се дефинира како збир на однесувања со цел да се воспостави контрола над другите. Неспорно е дека семејното насилство е проблем од епидемски размери со далекусежни последици на индивидуите како жртви, нивните деца и нивните заедници. Истото, најчесто резултира со смрт или сериозни хронични и ментални проблеми за жртвите, нивните деца, сторителите и др.
Под поимот семејно насилство се подразбира малтретирање, грубо навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психичко или физичко насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв спрема брачен другар, родители или деца , или пак секое друго лице што живеее во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема поранешен брачен другар или лица што се наоѓаат во блиски лични односи.
Автор: Адвокат М-р Изабела Димковска
Прочитај ја целата статија ТУКА