Семејствата на загинатите полицијајци ќе добијат по 70.000 евра отштета | Правдико

Правдико

   

Семејствата на загинатите полицијајци ќе добијат по 70.000 евра отштета

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Финансиска надомест од 70.000 евра ќе  им се додели на семејствата на загинатите припадници на полицијата, одлучи Владата на седница која се одржа во понеделникот вечер.

Vlada

Најтешко ранетиот полицаец ќе добие финансиски надомест од 40 илјади евра, додека пак  четирите полицајци кои се тешко повредени и се хоспитализирани на Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување, а се под интензивно лекување, да се додели финансиски надомест од 35 илјади евра по полицаец.

На деветнаесетте полицајци кои се веќе оперирани заради потешки повреди, или пак имаат потешки повреди, да се додели финансиски надомест од 25 000 евра по полицаец.

Другите тринаесет полицајци кои беа повредени и ранети во акцијата да им се додели финансиски надомест од по 15 илјади евра.

На припадниците на Единицата за специјални задачи и на припадниците на Единицата за брзо распоредување кои беа ангажирани во полициската акција во Куманово, да им се додели финансиски надомест во висина од 10 илјади евра по припадник.  Исто толкав надомест ќе добијат и припадниците на хеликоптерската единица кои учествуваа во акцијата и на професионалците од штабот кои раководеа со акцијата во Куманово.

На припадниците на Посебната единица на полицијата кои беа ангажирани во полициската акција во Куманово, да им се додели финансиски надомест во висина од пет илјади евра по припадник.

Исто така, Владата го задолжила Министерството за внатрешни работи на следната владина седница да достави информација со предлог за висина на финансиски надомест за припадниците на редовниот полициски состав ангажирани во Полициската станица во Куманово кои биле на должност за време на одвивањето на акцијата.

Медицинскиот персонал ангажиран во време на полициската акција во Куманово, во Ургентниот центар на Комплексот клиники Мајка Тереза, во Општата градска болница „8 Септември“ – Скопје, во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“  – Скопје, во Општата градска болница во Куманово, во Итната медицинска помош во Скопје, во Итната медицинска помош во Куманово, и тимовите од итната медицинска помош од Штип, Велес и Свети Николе ангажирани во Куманово, ќе добие финансиски надомест во висина од една месечна плата по медицински работник.

На последната седница на која се разгледувала точката за случувањата во Куманово, Владата формирала комисија за проценка на оштетувањата на недвижниот и движен имот во местото каде што се одвивала акцијата. Комисијата во рок  од една недела  дена треба да излезе на терен и да подготви и достави до Владата извештај за процената на штета. Комисијата е составена од претставници на Владата и Општина Куманово.

Владата одлучи да се изврши обесштетување на недвижниот и движен имот во висина од 100 отсто од проценетата штета наведена во извештајот од комисијата.

Донесена е и одлука да обезбеди сместување за сите оние семејства чии домови се оштетени во акцијата во мерка која не дозволува услови за престој во нив или пак да добиваат надомест за закуп на други простории во периодот додека трае санацијата.

Сите семејства ќе добијат  првична еднократна хуманитарна помош во висина од сто илјади денари  по единица оштетен дом во мерка која не дозволува услови за престој.

Владата одлучи надлежните државни комунални, медицински и санитарни институции, во соработка со Општина Куманово и Град Скопје, да го расчистат теренот за да се обезбедат потрбните комунални и санитетски услови.

Извор: Мета.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико