Семејство нападнало полицајци кои сакале да им го одземат тракторот со дрва | Правдико

Правдико

   

Семејство нападнало полицајци кои сакале да им го одземат тракторот со дрва

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Цело семејство од село Одрено, Општина Ранковце, нападнало полицајци откако истите се обиделе да им го одземат тракторот натоварен со дрва и без соодветни документи.

Како што информираат од полицијата, на 25 месецов околу 10:20 часот Д.Т. (54) од село Одрено заедно со неговата сопруга З.Т. (40) и малолетните синови, физички нападнале полициски службеници од полициското одделение Ранковце и полициска станица Крива Паланка.

Полицајците требало да извршат интервенција – одземање трактор натоварен со дрва без соодветни документи, сопственост на Д.Т. Тој со тракторот превезувал околу три кубни метри багремови дрва. При интервенција на полициските службеници, Д.Т. со метална шипка удрил еден полициски службеник, неговата сопруга каснала друг полициски службеник, а едниот малолетник со рака удрил полициски службеник во пределот на телото.

Напаѓачите биле приведени и задржани во полициската станица Крива Паланка. За настанот бил запознаен јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Крива Паланка. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Препорачуваме

Партнери на Правдико