Правдико

   

Семинар: Договори за превоз и шпедиција

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ДОГОВОРИ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВНА ПРИРОДА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ И ВИДОВИТЕ ДОКАЗИ

Еднодневен семинар:

ДОГОВОРИ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВНА ПРИРОДА,
ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА
СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ И ВИДОВИТЕ ДОКАЗИ

28.03.2017 година (вторник)
10:00-14:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија, на 28 март 2017 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на договорите за превоз на стоки и шпедиција, нивната правна природа, видот на правата и обврските кои произлегуваат од нив и доказите кои се неопходни за разрешување на спорните прашања во текот на судските постапки. Предмет на разгледување ќе бидат одредбите од Законот за облигациони односи кои се заеднички за сите видови договори кои се среќаваат при реализацијата на услугата транспорт на стоки, ќе се анализираат поединечните одредби и ќе се посочи на особената важност на одделни права и обврски на превозникот или шпедитерот, нивната застапеност во споровите од трговското право.

Паралелно за секој од видовите договори ќе се посочат и доказите кои како нужни треба да се приложат кон тужбата или одговорот на тужба при различни основи на побарувања, долг, штета, осигурување.
Ќе им се овозможи на учесниците на семинарот да ги искажат своите гледишта, ставови, проблеми во врска со примената на Законот за облигациони односи и ќе се дадат можни решенија за нивно надминување.

ПРОГРАМА

• Договор за превоз согласно Законот за облигациони односи
– Карактеристики;
– Обем на права и обврски;
– Основи за одговорност;
– Видови докази кои треба да бидат приложени и предложени во текот на
судската постапка.

• Договор за шпедиција
– Карактеристики;
– Обем на права и обврски;
– Основи за одговорност;
– Видови докази кои треба да бидат приложени и предложени во текот на судската постапка.

Овој семинар е наменет за вработените во правните служби на друштвата, адвокатите и за законските застапници.

Предавач:

– Маринела Јакасановска, судија во Трговскиот оддел на Основен суд Скопје 2 – Скопје, предавач во примарна и континуирана обука на Академијата за судии и јавни обвинители.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
– работен материјал;
– ручек и освежување;
– сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 23.03.2017 година.

Повеќе информации ТУКА

Партнери на Правдико