Семинар: Испитување на работната опрема согласно Законот за безбедност и здравје при работа | Правдико

Правдико

   

Семинар: Испитување на работната опрема согласно Законот за безбедност и здравје при работа

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Еднодневен семинар:

ИСПИТУВАЊЕ НА РАБОТНАТА ОПРЕМА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

(„Службен весник на РМ“, бр. 92/07, 136/11, 23/13, 25/13, 137/13, 164/13, 158/14, 15/15, 129/15, 192/2015 и 30/16 )

13 септември 2016 година
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Со цел унапредување на безбедноста и здравјето при работа, Стопанската комора на Македонија на 13 септември 2016 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневен семинар на тема:
ИСПИТУВАЊЕ НА РАБОТНАТА ОПРЕМА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА („Службен весник на РМ“, бр. 92/07, 136/11, 23/13, 25/13, 137/13, 164/13, 158/14, 15/15, 129/15, 192/2015 и 30/16).
Согласно членот 33 од Законот за безбедност и здравје при работа („Сл.весник на РМ“, бр. 92.07, 136/11, 23/13, 25/13, 137/13, 164/13, 158/14, 15/15, 129/15, 192/2015 и 30/16):

(1) Работодавачот е должен средствата за работа да ги одржува во исправна состојба, да ја проверува исправноста и безбедноста за работа со повремени прегледи и испитувања кои ги врши на начин и во рокови пропишани соактот што тој го донесува, односно со упатството на производителот, техничките прописи и стандарди.

(2) Ако со упатството на производителот и со другите прописи од ставот (1) на овој член не се предвидени други рокови, работодавачот е должен средствата за работа од став (1) на овој член да ги прегледа и испита:

– пред првата употреба;
– по реконструкција или хаварија и
– по преместувањето од едно на друго место (дигалка и слично).

(3) Работодавачот не смее да стави во употреба средства за работа  кои не се прегледани и испитани за безбедно работење, односно ако не се исправни за безбедна работа, ниту пак вработениот смее да употреби такви средства за работа.

Повеќе информации ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико