Семинар: Исполнување и други начини на престанување на обврските oд должничко-доверителски односи
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Еднодневен семинар:
Исполнување и други начини на престанување на обврските
oд должничко-доверителски односи согласно
Законот за облигациони односи низ призмата на судските постапки
30 мај 2016 година (понеделник)
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат
Стопанската комора на Македонија, на 30 мај 2016 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на прашањата врзани за исполнувањето/затворањето на побарувања од должничко-доверителски односи согласно Законот за облигационите односи и низ призмата на судските постапки. Предмет на разгледување ќе бидат особено општите услови на исполнувањето, задоцнувањето на доверителот и должникот, компензацијата, отпуштањето на долг, новацијата, соединувањето, невозможноста за исполнување, истекот на време и отказот, застареноста од сите аспекти.Пресметување на исполнувањето и цесијата се согласно одредбите од ЗОО. Ќе се анализираат поединечните одредби и ќе се посочи на особената важност на одделни права и обврски на доверителот и должникот, нивната позиција во споровите од трговското право.
Паралелно за секој институт ќе се посочат и доказите кои како нужни треба да се приложат кон тужбата или одговорот на тужба.
На учесниците на семинарот ќе им се овозможи да ги искажат своите гледишта, ставови, проблеми во врска со примената на Законот за облигационите односи и ќе се дадат можни солуции – решенија за нивно надминување.
ПРОГРАМА
• Општи услови и претпоставки за исполнување/затворање на побрувањата од должничко-доверителските односи;
• Задоцнување на должникот и на доверителот;
• Полагање и продажба на предмет;
• Пребивање-компензација;
• Отпуштање на долг, новација, соединување-конфузија, неможност за исполнување;
• Истек на време и отказ и застареност;
• Договор за цесија и засметување на извршувањето.
Семинарот е наменет за вработените во правните служби на друштвата, адвокатите и за застапници по закон или управители на друштвата.
Повеќе информации ТУКА