Семинар: ,,Менаџерски договори, договори за вработување и откажување во работењето на друштвата" | Правдико

Правдико

   

Семинар: ,,Менаџерски договори, договори за вработување и откажување во работењето на друштвата”

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Бесплатен еднодневен семинар:
„МЕНАЏЕРСКИ ДОГОВОРИ, ДОГОВОРИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО РАБОТЕЊЕТО НА ДРУШТВАТА“
30 јуни 2016 година
10:00-14:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Семинарот има за цел да ги обучи учесниците за значењето на добро поставените работни односи преку квалитетно изготвување и спроведување на договори за вработување и менаџерски договори, со кои се регулираат суштинските прашања за успешното водење на бизнисот.

На семинарот учесниците ќе имаат можност на практичен начин преку примери на различни видови договори постепено да бидат запознаени со сите релевантни и практични аспекти на работните договори, во смисла на нивно правилно изготвување, спроведување, можни причини за раскинување, како и повреди на одредби или делови од договорите. Семинарот овозможува практично запознавање со сите аспекти од работењето во смисла на изготвување и спроведување на менаџерските договори, договорите за вработување и нивно откажување

ПРОГРАМА

МЕНАЏЕРСКИ ДОГОВОРИ
– Клаузула за конкурентност;
– Надомест на штета сторена од менаџер;
– Одговорност на менаџерот за незаконско работење;
– Менаџери според Законот за трговски друштва;

ДОГОВОРИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
– Основни елементи на работниот однос регулирани со договор за вработување:
– Услови за склучување на договор за вработување;
– Содржина на договор за вработување;
– Договор за дело.

ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
– Откажување со отказ – со и без отказен рок;
– Спогодбено раскинување на договорот за вработување;
– Откажување на договорот за вработување од деловни причини.

Препорачуваме

Партнери на Правдико