Семинар на тема “Антидискриминација”
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Адвокатската комора на Република Македонија во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, а со финансиска поддршка на Инструментот за техничка помош и размена на информации (TAIEX) на Европската комисија на ЕУ, организира семинар на тема : “Антидискриминација“.
Семинарот ќе се одржи на 28 и 29 април 2014 година (понеделник и вторник) во хотел во Скопје.
За учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје на далечина поголема од 100 км, коорганизаторот може да обезбеди ноќевање на 27 и 28 април (недела и понеделник) или само на 28 април 2014 година (понеделник).
Програмата согласно која ќе се одвива обуката ќе ви ја доставиме дополнително.
Сите заинтересирани адвокатски стручни соработници и адвокатски приправници да се пријават на e – mail: d.georgiev@mba.org.mk , најдоцна до 27 март 2014 година.
Извор: Адвокатска комора на РМ