СЕМИНАР на тема „Користeњe нa унифицирана судска пракса“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Центарот за правни истражувања и анализи и Судскиот колеџ од Лондон, а поддржани од Британската амбасада во Република Македонија, на 7 и 8 март 2016 година во просториите на Академијата со почеток во 10:00 часот организираат семинар на тема: „Користење на унифицирана судска пракса“.
Семинарот ќе се оддржи на два одделни настани на кои ќе учествуваат судии одговорни за судската пракса во Македонија кои воедно ја следат и судската пракса на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, како и преставници на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права.
Со воведно обраќање до присутните, настанот на 7 март 2016 година ќе го отворат: д-р Аднан Јашари, министер за правда на Република Македонија, Н. Е. Чарлс Гарет, британски амбасадор во во Република Македонија и г-ѓа Анета Арнаудовска, директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.
Излагања поврзани со темата на семинарот ќе имаат судиите од Судскиот колеџ од Лондон: г-ѓа Џоана Корнер и Марк Оклтон.
Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на семинарот се следните:
- Важноста на унифицираната судска пракса
- Важноста на меѓународната судска пракса (Европски суд на правадата и ЕСЧП)
- Одлуките на ЕСП и ЕСЧП и начинот на примена на случаиите на судовите во Македонија
Агендата согласно која ќе се одвива семинарот можете да ја преземете тука.