Семинар: Надлежностите на државниот пазарен инспекторат при спроведување на Законот за туристичка дејност и Законот за угостителска дејност | Правдико

Правдико

   

Семинар: Надлежностите на државниот пазарен инспекторат при спроведување на Законот за туристичка дејност и Законот за угостителска дејност

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Еднодневен семинар:

НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА ДРЖАВНИОТ ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА TУРИСТИЧКА ДЕЈНОСТ  И ЗАКОНОТ  ЗА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ
1 јуни 2016 година (среда)
10:00-15:00
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Поради големиот интерес пројавен од страна на туристичките агенции, како и вршителите на угостителска дејност, а имајќи ги предвид значењeто и важноста при вршењето на инспекцискиот надзор од страна на Државниот пазарен инспекторат, Стопанската комора на Македонија на 1 јуни 2016  година (среда), со почеток во 10:00 часот, во сала 1 на V кат ќе организира еднодневен семинар на тема: НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА ДРЖАВНИОТ ПАЗАРЕН  ИНСПЕКТОРАТ ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА TУРИСТИЧКА ДЕЈНОСТ И ЗАКОНОТ ЗА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ.

Целта на овој семинар е да се запознаат заинтересираните страни кои може да се вршители на туристичка дејност, кои се нивните права и обврски, која е постапката за добивање лиценца за вршење туристичка дејност, лиценца за туристички водич, за туристички придружник и во вториот дел кои се вршители на  инспекциски надзор, кои се најчестите проблеми со кои се соочуваат вршителите на угостителска дејност.

Учесниците на семинарот ќе имаат можност да ги продлабочат своите знаења и да споделат искуства поврзани со најзначајни прашања кои ќе бидат третирани на семинарот и пред се` со практични искуства од работењето на државните пазарни испектори.

Целна група: лица вработени во туристичките агенции, хотели, ресторанти и останати угостителски објекти и останати лица кои со секојдневното работење имаат допирни точки со предметната материја.

ПРОГРАМА:

1. Закон за туристичка дејност

– Општи одредби;
– Права и обврски на агенциите;
– Вршење на туристичка дејност со лиценца;
– Туристички водич и туристички придружник;
– Инспекциски надзор;
– Управни мерки;
– Прекршочни одредби;
– Други прашања кои се однесуваат на инспекцискиот надзор.

2. Закон за угостителска дејност

– Вршители на угостителска дејност;
–  Услови и начин на вршење на угостителска дејност (работно време и категоризација  на угостителски објекти);
– Должности на угостителот при вршење на дејноста;
– Надлежност на ДПИ;
– Прекршочни одредби;
– Други прашања кои се однесуваат на инспекцискиот надзор.ж

Повеќе информации ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико