Правдико

   

Семинар: Најнови измени на Законот за јавни набавки

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Eднодневен семинар на тема:
Најнови измени на Законот за јавни набавки
НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

31 јануари 2019 година и 21 февруари 2019 година
10:00- 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат

Имајќи предвид дека од 1 април 2019 година стапува на сила новиот Закон за јавни набавки, Стопанската комора на Македонија, поради огромен интерес и навремена подготвеност за оваа секогаш актуелна тема, организира еднодневни семинари на 31 јануари и 21 февруари 2019 година и истите се наменети за сите приватни компании како неминовни учесници на пазарот за јавните набавки.

Целта на семинарот:

Целта на овие семинари е понудувачите навреме да се подготват за добивање  државни тендери според новите правила, да се запознаат со новините, предностите и предизивиците што ги нуди новото законско решение.

Поедноставени, побрзи и потранспарентни постапки за јавни набавки, избор на стоки, услуги и работи според критериум најдобра вредност за парите, поттикнување на поголемо учество на малите и средните претпријатија на пазарот на јавни набавки, намалени трошоци за учество и надоместоци за жалба, поголема информираност и увид во целокупната документација на постапката, помалку ризици и стабилна законска рамка сè само мал дел од новините кои се имплементирани во НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ.

Повеќе информации на следниот ЛИНК

Партнери на Правдико